Јагуриновски: Можеме да направиме сензација против Норвешка (ВИДЕО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 28-то Светско првенство. Ракометарите на Кире Лазаров за прв ривал ја имаат селекцијата на Норвешка. Десниот бек Томислав Јагуриновски е оптимист пред вечерашниот дуел против скандинавската селекција, која во 2017 и 2019 година играше во финалето на Мундијалите. Младиот ракометар, кој во пролетниот дел од сезоната ќе ги засили редовите на Вардар, очекува дека со неговите избраници ќе одиграат на најдобро ниво на сите три натпревари од групната фаза. Целосната изјава на Јагуриновски погледнете ја во видео прилогот...