Вардар загуби на гостувањето кај Партизан во Белград со 28-22 во последното коло од групната фаза на регионалната СЕХА лига.
Десниот бек Томислав Јагуриновски смета дека неговиот тим не играше на нивото на кое треба да игра.
„Беше одличен натпревар, одлична атмосфера. Денеска Партизан беше подобар од нас, ние не бевме на тоа ниво на кое треба да бидеме. Му честитам на Партизан за триумфот“, изјави Јагуриновски.
Вардар ќе мора да ги чека резултатите од двомечот меѓу Татран Прешов и Партизан за да дознае на кое место ќе ја заврши групната фаза во СЕХА лига и да го дознае следниот ривал во четвртфиналето.
Вардар загуби од Партизан, но останува во игра за прво место