Моментално водечката екипа во првата женска лига на Србија, ЖОРК Јагодинa викендов е гостин на екипата на ЖРК Куманово. Екипите одиграа две контролни средби и секој доби по еден дуел.
Откако вчера Куманово во второто полувреме направи пресврт и оствари победа од 24:22, денеска Јагодина се реваншираше и победи со високи 35:21. Гостинките имаа многу подобро издание и во финишот на првото полувреме ја најавија победата.
По 30. минути игра беше 20:12 во корист на гостинската екипа. Во продолжението раззликата продолжи да се зголемува и сгитна до многу високи 14 гола разлика за убедлив пораз на Куманово.
Најефикасна во составот на Куманово беше Александра Боризовска со шест гола, додека Ангела Јанкуловска постигна четири. Марија Агбаба беше убедливо најдобра со десет погодоци во екипата на Јагодина.
ЖРК КУМАНОВО – ЖОРК ЈАГОДИНА 21:35 (12:20)
Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 100. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.
КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ , Пецанова 1, Трајковиќ 2, Ивановска 1, Боризовска 6, Јовановска, Шарановиќ 1, Чокели 2, Стојчевска, Јанкуловска 4, Кипријановска 2, Цветановска, Гичевска 2, Глигоријадис.
ЈАГОДИНА: Анџиќ 3, Каитовиќ 8, Жижиќ, Сивчев 1, Нишовиќ, Агбаба 10, Татар 4, Булатовиќ 1, Илиќ, Јововиќ, Ашанин 2, Раичевиќ 3, Ѓурашиновиќ, Гисловиќ 3, Гојковиќ 3, Степановиќ.