Двајца ракометари се најдоа на првото место на листата на стрелци во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Станува збор за членот на Нексе, Халил Јагањац и ракометарот на Бенфика, Петар Ѓорѓиќ, кои постигнаа по 108 погодоци на натпреварите од квалификациите преку групната фаза, се до завршниот турнир во Лисабон.
Јагањац заминува во Рајн Некар Левен од лето и ќе игра во Бундес лигата, додека Ѓорѓиќ веројатно ќе го продолжи својот престој во Бенфика.
Португалскиот состав го победи Магдебург во финалето на Ф4 со 40-39 и го детронизира бундеслигашот, кој лани ја освои титулата во Лигата на Европа.
ДРАМА во Лисабон: Бенфика по продолженија го сруши Магдебург и го освои трофејот во ЛЕ!