Татабања имаше одличен настап против ослабениот Еурофрам Пелистер и забележа важна победа од 25:21 во борбата за пласман во нокаут фазата во Лигата на Европа.
После натпреварот и тренерот на Татабања, Драган Ѓукиќ и играчите беа задоволни од победата и упатија честитки кон противничкиот тим.
„Најпрво сакам да му честитам на Жељко и неговиот тим за сè што сторија во Лигата на Европа оваа сезона. Тие имаа одлични перформанси со исклучок на вечерва кога им недостасуваа многу играчи во ротацијата но и покрај тоа долго беа во егал. Можеби моментот кога Периќ не можеше да продолжи беше одлучувачки, тој е искусен играч и носител на играта. Мандалиниќ беше одличен реализатор денеска и реализираше се. Со вкупно постигнати 46 гола натпреварот беше многу тежок. Двата тима се комплетно испразнети после овој тежок дуел и физички и ментално. Честитки и на мојо тим, за борбеноста и прдржување кон договорениот план. Исто така им благодарам и на навивачите за поддршката која беше уште еден маал детал за победата вечерва“, рече Ѓукиќ.
И Стефан Сунајко кој беше најефикасен во тимот на Татабања со осум гола беше задоволен од победата, но истакна дека се многу изморени после овој меч и ќе им биде потребно време да се одморат.
„Ова беше навистина беше тежок натпревар, физички а пред се ментално како што истакнаа двајцата тренери целсно сме испразнети. Мораме да се одмориме добро во следните денови. Горд сум на мојот тим, покажавме тимски карактер и игравме добар ракомет 60 минути. Исто така и го реализиравме договореното од соблекувалната во најголем дел“, рече Сунајко.
Татабања во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа ќе се сретне со екипата на Кадетен Шафхаузен.