Машката репрезентација на Македонија ја одработува втората фаза на подготовките пред стартот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Средниот бек Игор Ѓорѓиев, кој добива се поголема шанса во националниот тим, упати апел до публиката да дојде и да ги бодри во Краков.
„Очекувам едно фер и коректно првенство, како прво да сме сите здрави и подготвени за сите натпревари што не очекуваат. Ја повикувам нашата фаланга, очекувам максимална поддршка и се надеваме на успех”, изјави Ѓорѓиев.
Нашите ракометари ги очекуваат пријателски натпревари против Хрватска и Израел на „Кроација Куп“ на 6 и 7 јануари.
Македонија на СП е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а првиот натпревар ќе биде на 13 јануари против Норвежаните.