Ѓорче Петров со нов договор за младата Велкова

Македонскиот шампион Ѓорче Петров во новата сезона ќе го има на располагање речиси истиот состав од минатата година, бидејќи најголемиот дел од ракометарките потпишаа нови договори.

Соработката со Ѓорче Петров ја продолжи младата репрезентативка Ива Велкова и таа ќе остане во шампионот најмалку уште една сезона.

Ѓорче Петров претходно ги продолжи договорите со Ана Марија Коларовска, Милица Николиќ, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Ива Божиноска, Марија Јанкуловска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска.

Клубот за новата сезона засега ангажираше две имиња. Станува збор за голманките Матеа Чурлиновска од Куманово и Јована Трајкоска од Вардар.

Тимот на Симе Симовски во текот на подготвителниот период ќе одигра неколку контролни натпревари, а го очекува и настапот на турнирот „Ѓорче Петров Куп 2023“.