Ѓорче Петров ги собра бодовите кај Шампион

Ракометарките на Ѓорче Петров ја забележаа третата победа оваа сезона во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Шампион со 23-25.

Во првиот дел ѓорчепетровски имаа предност од три погодоци, 3-6, но упорните домаќинки се вратија до егал на полувремето, 11-11.

На стартот на вториот дел се играше гол за гол, но потоа избраничките на Ангел Велков полека ја градеа предноста. Во финишот стигнаа до плус четири и рутински ја задржаа разликата до крајот.

Најдобри стрелци кај Ѓорче Петров беа Ангела Цветановска со девет и Ања Велкова со пет, додека кај Шампион се истакна Нина Неделковска со шест гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080