ЃОРЧЕ КУП 2023: Ѓорче Петров со убедлив триумф над Панорама, ќе се бори за бронза

Денеска се одиграа натпреварите од второто коло на женскиот турнир во организација на македонскиот шампион Ѓорче Петров.

Ракометарките на Симе Симовски беа подобри од Панорама од Грција со убедливи 13 гола разлика, 38-25, а најмногу голови постигна Ризоска – вкупно девет, а по пет пати стрелаа Ана Марија Коларовска и Ива Божиновска.

Вардарки пак претрпеа висок пораз од српскиот тим Железничар Инџија, и ќе разигруваат за седмото место на овој турнир.

За трофејот ќе се борат српските екипи Железничар и Црвена Ѕвезда, кои забележаа по три победи во групите, додека за третото место ќе играат Ѓорче Петров и Бекамент ББ во реприза од ланското финале.

За петто место ќе се борат Панорама и ПАОК во грчкиот дуел, додека Вардар и Бор ќе играат за седмо место.

Ѓорче Куп, резултати, трето коло:

Бекамент – ПАОК 27-25
Вардар – Железничар 19-35
Бор – Црвена Ѕвезда 30-32
Панорама – Ѓорче Петров 25-38

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.