ЃОРЧЕ КУП 2023: Ѓорче Петров преку драма и пенал рулет до трето место, Ризоска е нај стрелец

Со денешните четири натпревари заврши третото издание на турнирот „Ѓорче Куп“, а трофејот исто како и лани патува во Србија.

Новиот силен проект во женскиот ракомет во Србија, Црвена Ѕвезда во финалето на турнирот славеше против Железничар Инџија со 23-21.

Третото место го освои македонскиот шампион Ѓорче Петров по драматичната победа над Бекамент ББ со 32-31 на пенали, откако Кицеска одбрани удар на ривалот, а Ива Божиновска донесе победа.

Петтото место е за екипата на ПАОК која славеше против Панорама со 34-22, додека седмото место го освои Вардар по триумфот над Бор 27-24.

За најдобар голман беше прогласена Јована Васиљковиќ од финалистот Железничар Инџија, додека нај стрелец е Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров.

МВП на турнирот е српската репрезентативка Теодора Мајкиќ од освојувачот на трофејот Црвена Ѕвезда.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.