Иако најавен како турнир што треба да се игра на отворено игралиште, првиот женски турнир „Ѓорче Петров 2021“ ќе се игра на врвен под, на Герфлор каков што се користи на сите натпревари на ЕП и на Лига на шампионите.
На тој начин организаторот покажува дека е сериозен во своите намери овој турнир да стане традиционален, и да понуди врвни услови за екипите кои ќе играат.
Турнирот почнува утре, а денеска се последните подготовки меѓу кои и местењето на подот. Истиот се монтира за неколку часа, а утре ќе може да се користи за играње.
Турнирот „Ѓорче Петров“ се игра на Герфлор
Домаќинот екипата на Ѓорче Петров сака турнирот да прерасне во традиционален со што и женските екипи ќе имаат можност да играат квалиттени мечеви пред почетокот на сезоната.
Утре стартува “Ѓорче Куп 2021” – шест екипи ќе се борат за трофејот
Женски ракомет на отворено – познати саатниците на турнирот „Ѓорче Куп 2021“