Ракометарите на Штутгарт на домашен терен во рамки на 16. коло од Бундес лигата кое се одигра на ден после Божиќ беа поразени од екипата на Бергишер со 26:30.
Екипата каде што настапува репрезентативниот пикер Жарко Пешевски имаше успешни резултати и беше во горниот дел на табелата, но на натпреварот против Бергишер не можеше да избегне пораз.
Се играше израмнето до средината на првиот дел, а потоа гостите ја преземаа контролата на играта и резултатот и до полувреме обезбедија предност од шест гола, 12:18. Во продолжението без поголеми проблеми Бергишер го сочува водството и стигна до победа.
Жарко Пешевски настапи на дуелот и постигна два гола. После добрите резултати од почетокот на сезоната Штутгарт влезе во серија од три порази и се спушти кон средината табелата и сега се наоѓа на 10. позиција со 15 бода.