По очекуваните победи на неделните натпревари во Лигата на шампионите на данскиот Алборг, францускиот ПСЖ и романскиот Динамо Букурешт, формирани се сите осминафинални парови во најелитното европско натпреварување.
Последното коло не донесе изненадувања, па сите двојки што беа познати и на едно коло до крајот на групната фаза, останаа исти.
Вардар ќе се соочи со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, што ќе биде реприза на минатогодишниот двобој, но со таа разлика што тој дуел беше четвртфинален.
И тогаш, а сега уште помалку, „црвено-црните“ не се фаворити против тимот на Хуан Карлос Пастор, но нема зошто да не веруваме дека приказната нема да се повтори, иако нема сомнеж дека Унгарците ќе бидат двојно мотивирани за одмазда.
Победникот од тој двобој меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе игра со победникот од дуелот меѓу Висла Плоцк и Веспрем, на кој унгарскиот првак е голем фаворит. Барселона и Кил ќе одмораат во март и ќе ги чекаат ривали за априлското четвртфинале.
Осминафинале, двојки:
ДИНАМО БУКУРЕШТ – ПСЖ
ВИСЛА ПЛОЦК – ВЕСПРЕМ
ВАРДАР – ПИК СЕГЕД
ПОРТО – АЛБОРГ
ФЛЕНЗБУРГ – МОНПЕЛЈЕ
ЦЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ
Четвртфинале, двојки: