Легендарниот голман на Барселона, Сиудад Реал, Вардар и Веспрем – Арпад Штербик, оваа сезона на 40 години ќе ја заврши богатата ракометна кариера.
Чуварот на мрежата кој освои една шампионска титула со „црвено-црниот“ тим, во идната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Давид Дејвис, но дали како помошник или како тренер на голмани се уште не е познато.
Голманската тројка на Веспрем во следната сезона ќе биде сочинета од Мартон Секељ, Владимир Цупара и Родриго Коралес, но ќе биде регистриран и Арпад Штербик, па ако има потреба тој ќе застане меѓу стативите.
Таков беше случајот со шпанската репрезентација на ЕП во Хрватска, кога Штербик дојде само за финалните натпревари, а тој ќе се најде веројатно и на списокот на селекторот Жорди Риберта за Олимписките игри.