Покрај тројцата играчи кои беа позитивни во петокот на тестот на коронавирус, на листата на ракометари кои се во изолација во Франција се најдоа и нови пет.
Карабатиќ, Конку и Лене добија друштво во Десбоне, Деска, Мине, Нахи и Пранди. Петмината беа позитивни на денешното второ тестирање и веднаш се ставени во изолација поради што ќе мораат да почекаат за враќање на терен и на тренинзи, а тоа ќе се случи при добивање на негативен тест.
Ова ги зголеми проблемите на селекторот Гијом Жил, па тој мораше да ги почне подготовките со само 13 ракометари.
Како ќе течат работите останува да се види во следните денови бидејќи без дел од ракометарите на кои се планира не може да се одработи според претходно утврдениот план што значи дека ќе мора да се менуваат работите.
До 13 јануари ќе биде навистина тешко. Оние што се во изолација ќе имаат време да излезат и да можат да играат, но прашање е колку ќе бидат подготвени. Ова ќе значи дека Хрватска, Србија и Украина добиваат олеснета задача на шампионатот. Сепак, јасно е и тоа дека Франција има доволно квалитетни ракометари така што ќе биде секако квалитетна.
Нови проблеми за Франција – Карабатиќ, Конку и Лене имаат коронавирус