Шокантен потег: Американец гризна ривал, судиите му доделија црвен и син картон (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу САД и Бахреин од главната рунда на СП во Малме, се случи несекојдневен и шокантен потег. Американскиот репрезентативец Пол Скорупа го фаулираше Хусеин Ал Сајад, а константниот фаул го заврши со гризање на раката на противникот. Судиите во прв момент не го видоа тоа, но по реакциите прегледуваа снимка и на Скорупа му доделија и црвен и син картон, што ќе значи дополнителна суспензија за неспортскиот потег. Фото: ТВ2