Шеваљевиќ: Вардар не се плаши од никој

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот осминафинален натпревар против унгарскиот Веспрем во Лигата на шампионите.

Левиот бек Васко Шеваљевиќ вели дека Вардар не се плаши од никој и дека Веспрем иако има по двајца квалитетни ракометари на секоја позиција, сепак има свои мани.

„Не треба да трошиме зборови за квалитетот на Веспрем, имаат по двајца квалитетни ракометари на секој позиција, но ние ги анализираме и мислам дека можеме да парираме во секој поглед. Ако бидеме вистински, ако им помагаме на голманите да одбранат што повеќе удари, ако бидеме борбени и агресивни и со добра транзиција и стрплива игра во нападот ќе можеме да направиме добар резултат. Вардар не се плаши од никого, но против вакви екипи мора да играме најдобро за да направиме некој резултат. И Веспрем има свои слабости. Во спортот е можно некој да има лош ден, никогаш ништо не се знае. Очекувам добар меч, јас сум оптимист и мислам дека може да очекуваме добар и неизвесен натпревар со позитивен резултат за нас“, вели Шеваљевиќ.

Наптреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.