Лука Шебетиќ кој се врати во репрезентацијата на Хрватска зад себе има две тешки недели.
Шебетиќ до пред две недели беше во Украина каде што настапуваше за тимот на Мотор Запорожје. Хрватскиот ракометар е во една незавидна позиција и во овој момент не знае каква му е судбината.
„Знам да се слушнам со соиграчите, со оглед на тоа дека е војна секој е во својата земја. Не знам што носи иднината, знам само дека сум тука оваа недела, немам никакви информации затоа што следува, не знам каква ќе биде ситуацијата таму. Момците од Украина се таму затоа што не смеат да излезат од земјата, добри се и здрави колку што можат да бидат во ваква ситуација“, изјави Шебетиќ.
Хрватската репрезентација денес за првпат ќе се собере после Европското првенство во припремите кои ќе траат до 20. март.