Швеѓанец се соочува со суспензија поради допинг, и Б тестот со позитивен резултат

Шведскиот ракометар Ричард Ханиш кој настапува за екипата на Сковде се соочува со суспензија откако беше позитивен на допинг тестирањето кое му беше извршено после натпеварот со Кристијанштад.

Според изјаватa на ракометарот забранетата супстанца, метилхексанамин по грешка е внесена во неговото тело, најверојатно заедно со додатоците во исхраната кои ги користел.

Како што пренесуваат шведските медиуми, и Б тестот бил позитивен. Според тоа случајот е префрлен на Шведската антидопинг комисија и ВАДА кои ќе одлучуваат понатаму за изрекување казна. Ханиш се соочува со суспензија заради користење недозволени супстанци.

Ричард Ханиш во својата кариера има настапувано за норвешки Елверум, швeдскиот Кристијанштад и во Бундес лигата за екипата на Хамбург. Во овој момент игра за Сковде со кој има важечки договор до крајот на сезоната 2022/23.