Јунакот на шведската победа над Норвешка со голот од пенал и пласманот во полуфиналето на Европското првенство е Валтер Кринц.
Десното крило на 13 секунди пред крајот на натпреварот постигна гол вреден полуфинале и ја испрати Норвешка во борба за петто место.
По натпреварот се обиде да го долови моментот.
„Не знам што се случи. Не се сеќавам на ништо. Не сеќавам ни каде шутирав, но важно е дека погодив“, вели Кринц.
Тој има само 21 години и не е стандарден изведувач на пенали во Шведска, но по промашувањата на Хампус Ване и Никлас Екберг, селекторот Солберг му даде шанса на Кринц.