Шведска лесно до билет за ЕП, драмата во Запорожје ја доби Чешка

Репрезентацијата на Шведска немаше проблем против Романија во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година и забележа победа со 31:23.

Победникот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со предност од 14:7 за Швеѓаните, додека во второто полувреме, Романците постигнаа повеќе гола од првиот дел.

Најефикасен во Шведска беше Никлас Екберг со седум гола, пет постигна Хампус Ване. Во селекцијата на Романија, Хавиер Хумет одигра солидна партија и беше најефикасен меѓу своите со шест гола.

Селекцијата на Шведска веќе обезбеди билет за Европското првенство во Унгарија и Словачка бидејќи и остнаа уште два натпревари за одигрување, против Црна Гора и Косово.

Чешка обезбеди важна победа во Запорожје против Украина со два разлика, 28:26. Чешка водеше солидно на почетокот на натпреварот и по првиот дел имаше водство од 16:12.

Украинците во второто полувреме имаа неколку шанси и за израмнување на резултатот кога беа во негатива од само еден гол разлика. Во последната минута стигнаа до 26-26, но Чешка погоди два пати по ред и забележа триумф со кој ги зголеми своите шанси за пласман на Европското првенство.

Во Чешка, Матеј Клима ги предводеше стрелците со шест гола. Во украинската селекција најефикасен беше Дмитро Хориха со пет гола.