После 11 години Штафан Олсон се враќа во редовите на Хамарби. Амбициозниот тим на Хамарби потврди дека легендата на шведскиот ракомет е ангажиран како ментор на тренерите во младинските категории во клубот, а ќе работи и со ракометарите до 13 години.
Олсон го водеше Хамарби како тренер во златните денови на овој клуб од 2006-2008 година, а остана до 2011. Прв коментар по враќањето за шведските медиуми даде и самиот Олсон.
„Се враќам во тимот како ментор на тренерите во младинските категории. Ќе се обидеме да воспоставиме поедноставен коцепт. Ќе работиме за да се едуцираат помладите. Чувството е одлично и забавно, ова е нешто ново за мене, никогаш не сум работел како ментор за младински тренери“, изјави Олсон.
Олсон веќе започна да работи во клубот, таму е веќе втора недела, меѓутоа досега немаше официјална потврда. Коментар за ангажманот на Олсон даде и тренерот на Хамарби, Патрик Фалгрен.
„Клубот има визија да биде меѓу осумте најдобри во Шведска, не само на првенствената табела, туку и финаински, опрганизациски и младински. За да бидеме подобри дојдовме до заклучок дека треба да го подигнеме квалитетот на тренерите затоа што ако се тренерите добри така стануваат и играчите подобри“, изјави Фалгрен.