Шведска експертиза во Будимпешта: Карабатиќ и друштвото се поклонија пред „викинзите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Франција – Шведска (Полуфинале на ЕП 2022)

Селекцијата на Шведска продолжи со одличните игри на Европското првенство, а во полуфиналето со целосна контрола беше обезбедена победа против Франција од 34:33. „Викинзите“ и имаа расположените Паличка и Готфридсон кои ги водеа колегите до победа на второто полуфинале во Будимпешта. Со експертска игра против експертите, Швеѓаните ставија уште еднаш до знаење дека во моментов го играат еден од најдобрите ракомети во Европа и потврдија дека се дефинитивно заслужено во финалето против Шпанија.