Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.
Противници на избраниците на Данило Брестовац ќе бидат Данска, Швајцарија и Финска.
Селекторот на Швајцарија, Михаел Шутер, смета дека првиот меч против Македонија дома ќе биде показател за шансите на неговата репрезентација.
„Ова е многу силна и неизвесна група, особено затоа што Швајцарија доаѓа од третиот сад. Очекуваме вистински празник на ракометот да бидат натпреварите против две врвни репрезентации како што Македонија и Данска, дома и на гости. Ској натпревар е многу важен, а нашиот прв натпревар дома против Македонија ќе ни го покаже патот“, вели Шутер.
Финска ќе гостува во првото коло во Македонија, а нашата селекција ќе биде гостин на Швајцарија во второто коло.