Швајцарскиот првак падна пред Поповски и Цирих

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, направи изненадување и славеше против швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен.

Цирих на домашен терен победи со 31-29, а нашето десно крило имаше три гола од шест обиди на овој натпревар.

Со оваа победа Цирих има 19 бодови на четвртото место, и останува во трка за уште повисока позиција.

Прв е Кадетен со 27 бода, но и два меча повеќе, следува Криенс Луцерн со 26 бода и Фади Винтертур со 21 бод.

Следен предизвик за Поповски и Цирих, кој веќе се пласираше во плеј-офот е домашниот натпревар со Вакер Тун.