Швајцарија во Македонија со најдобриот од домашното првенство, четворица се повредени

Репрезентацијата на Швајцарија ќе биде ослабена за квалификацискиот натпревар против Данска за пласман на Европското првенство 2022 година. Поради повреда, четворица ракометари нема да можат да бидат на располагање на селекторот, Михаил Сутер.

Доколку ситуацијата не се промени, Лука Марос и Филип Новак од Кадетен Шафхаузен, Михаел Кусио од Берн и Седри Тиновски од Винтертур нема да настапат ниту на квалификацискиот натпревар против Македонија закажан за 2 мај во Скопје.

Селекторот Сутер на нивно место повика тројца ракометари од кои двајца се дебитанти – Клаудио Вогтли од Берн и Амар Идризи од Луцерн. Повратник е Андрија Пендиќ, најдобриот стрелец во швајцарскиот шампионат со 222 гола и среден бек на Сент Гален.

На 28 април во Винтертур, Швајцарија силите ќе ги одмери со Данска. Првиот натпревар го доби Данска со резултат 31:26.