Шампион ја чува предноста пред Аеродром и Драчево

И после 3. коло изненадувањето во Групата А од Првата машка лига, Шампион продолжува со контролата на табелата и со предноста во однос на Аеродром и Драчево.

Тимот на Шампион го совлада Борец во интересен натпревар и остана единствениот состав со максимален број на бодови после три кола во групата од Првата лига.

Аеродром и Драчево кои ремизираа на стартот врзаа по две победи, но тие допрва ќе имаат задача да играат со Шампион, па тогаш ќе се види каква е силината на трите екипи кои во моментов се на позициите кои водат во плеј-офот.

Следниот викенд ќе биде максимално интересен бидејќи ќе има и дерби дуели така што е јасно дека следуваат највозбудливите средби односно четири кола во кои мора да биде решено сè.

 

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

БОРЕЦ – ШАМПИОН      31:33 (ИЗВЕШТАЈ)

РИНИЈА М – ЈЕХОНА      32:53 (ИЗВЕШТАЈ)

АЕРОДРОМ – КИЧЕВО  44:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРЕСПА – ДРАЧЕВО        24:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА: 1. Шампион 9 бода (+19); 2. Аеродром 7 (+33); 3. Драчево 7 (+14); 4. Јехона 6 (+15)…