Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја затворија шампионската сезона во Суперлигата, откако битолчани на домашен терен го совладаа Тиквеш со 35-26.
Кавадарчани одлично парираа, особено во првото полувреме, имаа во повеќе наврати и водство, а на пауза беше 17-16 во корист на избраниците на Никола Матлиески.
Во второто полувреме новите шампиони понесени од публиката, успеаја да го свртат резултатот во своја корист и на крајот да слават триумф.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Ненад Костески со седум гола и Петар Атанасијевиќ со шест гола, додека по четири имаа Пешевски и Хосни.
Во составот на кавадарчани се истакнаа Петровиќ со шест гола, како и Анастасовски кој стрелаше пет пати во битолскиот гол.