Голманот на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ потенцира дека и Веспрем и Порто, за кои настапувал претходно и битолскиот тим сега, се клубови кои имаат свои поддржувачи и сите се посебни на свој начин.
Унгарецот е воодушевен е затоа што во Битола сите знаат кој е и со посебно внимание и емоција гледаат на спортистите.
„Не само во мое име туку и во името на соиграчите можам да зборувам колку е смешно, во позитивна смисла, дека сите те знаат и те поздравуваат на улица, во ресторан, во кафуле… Велат ‘Може да го победите Вардар’ или ‘Ќе донесете титула во Битола’. Средината е одлична, топла, спортска и тоа е токму она поради кое дојдов тука, да играм ракомет и да го дадам најдоброто за клубот, а не да бидам турист. И кога ќе видите таква емоција, почитување, поддршка и ќе добиете таква атмосфера за игра каква што имаме ние секојпат кога играме дома, секако е дека сакате да возвратите со одличен резултат, со победи, со титули“, потенцира голманот и продолжува: „’Чкембари’ се фантазија. Како горат се со емоција, безрезервно стојат позади екипата – неверојатно. Никогаш нема да заборавам дека од Битола патуваа цела ноќ до Белград и ја ‘запалија’ салата, пееја, го даваа најдоброто од себе од трибините, а тоа те тера да го дадеш најдоброто од тебе на теренот. Она што исто беше неверојатно за мене е што по завршувањето на ЕП, каде Унгарија беше елиминирана по групната фаза се вратив во Битола разочаран. Отидов на ручек во мојот омилен ресторан и уште бев малку пост-евро нерасположен, а келнерите доаѓаа и ми честитаа за тоа како сум играл, ми кажуваа дека се радуваат што одлично сум бранел. Бев изненаден! Мислев дека сите го следат настапот на Македонија, но излезе дека го следат и на сите ракометари кои играат за клубот, па и мојот.“
Подолу прочитајте го целосното интервју со Секељ…
ИНТЕРВЈУ МАРТОН СЕКЕЉ: Сакам со титула да испишам историја во Битола