Mашката репрезентација на Македонија утре ќе го игра полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир, а сега е позат и терминот.
На натпреварот што ќе започне од 14:00 часот, ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде селекција на Египет.
„Фараоните“ се во скоро полн состав откако им се придружи и Али Зеин, па недостигаат само Омар Јахја и Мохамед Мамду.
И без нив, Роберто Парондо и Рубен Гарабаха имаат на располагање одличен состав во кој се Карим Хендави и Мохамед Ел Тајар на голот, па браќата Елдера, Елахмар, Кадах, Елмасри, Санад…
Египет во групната фаза забележа три победи против Србија, Италија и Тунис, а последниот натпревар со Словенија го доби службено.
Во второто полуфинале ќе играат Шпанија, која беше најдобра во групата на Македонија, и Србија, која го освои второто место во групата А.