Чесите стравуваат: Мора да играме блиску до воено жариште!

Репрезентацијата на Чешка во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година за противници ги има Фарските Острови, Русија и Украина.

Чешка на 28 април треба да гостува во Запорожје за натпреварот против Украина. Селекторот на Чешка, Растислав Тртик смета дека одлуката на Ракометната федерација на Украина во врска со изборот на градот за квалификацискиот натпревар против Чесите е погрешна.

„Јас сум изненаден од одлуката на Украинците квалификацискиот натпревар да го одржат во Запорожје. На крајот на краиштата, тој е оддалечен само 250 километри од воената зона помеѓу Украина и Русија. Тоа е навистина опасно место и мислам дека изборот не е добар”, изјави Тртик.

Чешка во квалификациската група број 3 се наоѓа на третото место со три освоени бода. Натпреварот против Укриана е од голема важност доколку сакаат да останат во борба за второто место во групата.