Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде што брани македонскиот голман Градимир Чаневски, ја продолжи победничката серија во израелскиот шампионат.
На домашен терен, Макаби Ле Зион славеше против Бнеи Херцлија со 39-31, а Чаневски успеа да одбрани десет удари на противничките ракометари.
Македонецот беше на голот четириесетина минути, а кога беше обезбедена победата шанса доби и вториот голман.
Макаби Ришон Ле Зион сега има седум победи и два порази и со 14 бодови се наоѓа на делба на второто место со Рамат Хашарон и Макаби Ашдод.