Македонскиот голман Градимир Чаневски брани во одлична форма на стартот на новата сезона во израелскиот шампионат.
Со 15 одбрани и 41% на успешност, тој беше најзаслужен за дерби триумфот на Макаби Ришон Ле Зион во големото дерби против Хапоел Ришон Ле Зион.
Макаби славеше со 29-28, а гостите го имаа последниот напад, но Чаневски го одбрани ударот и почна големото славје.
Макаби Ришон Ле Зион сега има биланс од три победи и два порази, а следен предизвик ќе биде гостинскиот натпревар против Нес Зиона.