Третопласираниот тим во Женската лига оваа сезона, тимот на Чаир, веќе работи на формирање на ростерот за следната сезона.
Чаир се пофали со потписот на средниот бек Марија Галевска, која последната сезона ја одигра во Овче Поле Славјански Универзитет.
Галевска беше меѓу најдобрите поединци во ростерот на тимот од Свети Николе, беше забележана од Чаир, кој ја ангажира во своите редови.
Покрај Галевска, претходно составот на Чаир потпиша со косовската интернационалка Клеа Ајвази, а го продолжи договорот со капитенот Леонора Рахмани.