Чаир рутински до победа кај Кузман Вардар

Во дуелот помеѓу двете скопски екипи, Кузман Вардар и Чаир, на убедлива победа се радуваше екипата на Чаир која триумфираше со високи 47:20 во натпревар од рамките на 7. коло во Групата А од Женската лига.

Домашната екипа даде отпор само во првите десет минути од натпреварот кога имаше водство од 4:3. Екипата на Чаир од 10. минута, па сè до последната секунда од првиот дел доминираше на теренот. Чаирчанки полека, но сигурно ја градеа предноста. Избраничките на Басри Љатифи на полувреме имаа предност од 20:8.

Високата разлика помеѓу двете екипи беше јасен знак дека вториот дел ќе биде повеќе од формалност. Ракометарките на Кузман Вардар покрај слабиот процент на реализација од нападите имаа и слаба поддршка од голманската позиција. Чаир од минута во минута го зголемуваше своето водство, а конечниот епилог од средбата беше плус 27 разлика, 47:20.

Најефикасни во Чаир беа Бајра Бакиќ со девет и Леонора Рахмани со осум гола. Во екипата на Кузман Вардар се истакнаа Сандра Јовевска со шест и Ивана Стојмановска со пет гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080