Ракометарките на Чаир ја запишаа осмата победа во Женската лига, откако на домашен терен славеа против Шампион со 37-28.
Гостинките по десетина минути имаа водство од плус три, 5-8, но Чаир набрзина ја стопи негативата и успеа да направи пресврт. По 9-9, Шампион тешко реализираше во нападот, за разлика од домаќинките, кои беа проблем погодуваа и стигнаа до 14-11. На пауза се замина со 16-13 за Чаир.
Во вториот дел избраничките на Басри Љатифи во неколку наврати имаа плус седум, гостинките намалуваа до минус пет, но немаше дилеми околу победникот.
До крајот задачата беше само рутински одработена за конечни 37-28 и лесни три бода за чаирчанки.