Финансиските проблеми на француски Бург де Пеж се далеку од решени. Претходно на овој клуб му беа одземени девет бода со одлуката на Француската ракометна федерација поради неподмирените долгови.
Клубот не испрати жалба за одземњето на бодови и паричната казна. Францускиот портал „Le Dauphine“ објави дека раководството на клубот се сретнало со играчите и стручниот штаб со цел да ги информира за можен банкрот на клубот. Според информациите клубот може да престане и до крајот на оваа сезона.
Наводно станува збор за вкупен долг од 400-500 илјади евра. Најпроблематично е што клубот мора брзо да пронајде сума од 100 до 150 илјади евра за исплаќање на плати на сите вработени во клубот до крајот на сезоната. Во овој момент не изгледа дека може да се најде решение.