В четврток со почеток во 18:45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“ гостува тимот на Веспрем, а ова ќе биде првиот двобој од осминафиналната пресметка.
Објавени се и официјалните лица за оваа средба, а тие доаѓаат од Црна Гора. На центарот ќе се најдат Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ така што ќе имаат убав предизвик за судење на овој дуел меѓу Вардар и Веспрем.
И на оваа средба делегатот ќе биде од Македонија, а се работи за Драган Начевски.
Реваншот ќе биде одигран на 8 април во Унгарија, а почетокот е во истиот термин од18:45 часот.