За првпат по Европското првенство, репрезентацијата на Црна Гора го имаше првиот собир во Подгорица.
ЕХФ неделата, во која Црна Гора нема да игра во првите бараж натпревари, ќе биде искористена за проверување на силите пред априлскиот бараж натпревар за Светското првенство 2023, во кој избраниците на Зоран Рогановиќ ќе играат со подобриот од дуелот меѓу БиХ и Грција.
Во однос на играчкиот кадар од Европското првенство од Унгарија и Словачка, во црногорскиот состав од оправдани причини беа отсутни тројцата ракометарки, кои што играат на позиција пикер, Вук Лазовиќ, Немања Грбовиќ и Небојша Симовиќ.
Како што е веќе познато, голманот на Струга, Никола Матовиќ, поради повреда нема да биде во можност да им помогне на своите колеги во априлскиот бараж. Исто така, и вториот голман, Миле Мијушковиќ, беше отсутен на собирот во Подгорица поради приватни причини.
Рогановиќ реши дополнително да ги повика Миодграг Ќорсовиќ, Филип Борозан и поранешниот ракометар на Металург и Работнички, Лука Вујовиќ.
Црногорскиот селектор во иднина ќе има нов асистент бидејќи Драшко Мрваљевиќ беше назначен за координатор на помладите селекции на Црна Гора, па така на Рогановиќ друштво ќе му прави селекторот на црногорската јуниорска репрезентација, Брано Божовиќ.