Црногорски репрезентативец удрен од камион!

Левото крило на Фуксе Берлин и црногорската репрезентација, Милош Вујовиќ нема да биде подготвен за стартот на новата сезона во Бундес лигата.

Вујовиќ доживеал несреќа пред два дена, но избегната е поголема трагедија, па тој поминал со полесни повреди.

„Бев на велосипед и ме „закачи“ камион. Имав многу среќа бидејќи скршив само едно ребро и имам нагмечување на некои од органите на десната страна од телото“ изјави Вујовиќ за „Вијести“.

Тој по шест години настапи за унгарската Татабања, се пресели во Германија, а на дебито за Фуксе даде седум голови. Сепак сега ќе мора да паузира и нема да биде подготвен за стартот на Бундес лигата.

„Најлошото помина, добро се чувствувам. Прогнозите се дека ќе паузирам најмалку месец дена“, заврши Вујовиќ.

Во Фуксе Берлин тој настапува со двајца поранешни ракометари на Вардар – Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.