Хрватски репрезентативец се вакцинирал во Србија, а поради корона отпадна од список!

Хрватска има големи проблеми со формирањето на ростерот пред натпреварите со Словачка во ЕХФ Евро Купот.

Селекторот Хрвоје Хорват остана без двајцата ракометари на Нексе, Морено Цар и Халил Јагањац. Членовите на тимот од Нашице, минатата недела беа на вакцинација во Белград, но Цар доби позитивен резултат на последните тестирања.

Поради претпазливост, од обврските е ослободен и Халил Јагањац.

Двајцата играчи на Нексе патувале заедно со автомобил до Нашице, па Хрватите претпоставуваат дека и Јагањац се има заразено од Морено Цар, кој бил позитивен еден ден претходно.

Хрватска на 28 и 29 април во Вараждин треба да игра против селекцијата на Словачка.