Селекторот Хрвоје Хорват го соопшти списокот на ракометари кои ќе бидат дел од вториот дел од подготовките до 30 декември.
Хорват смета на 20 ракометари, на списокот сега е десното крило Иван Чупиќ, а од комбинација отпадна Јосип Божиќ Павлетиќ од Еурофарм Пелистер.
На списокот се најдоа средниот бек Анте Гаџа од Вардар и десниот бек од Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кои ја минаа и првата фаза на подготовки.
На стартот на новата година треба да се приклучат Карачиќ, како и играчите од Бундес лигата, па Хорват ќе го соошти конечниот список на патници.
Хрватите ќе одиграат три пријателски средби пред ЕП, против Словенија, Русија и Босна и Херцеговина, а ќе играат во групата Б против Франција, Украина и Србија.