Хрватска го одработи своето, за пат во Токио чека помош од Франција

Репрезентативците на Хрватска дојде до победа од 30:27 против селекцијата на Тунис и го заврши својот дел од работата на патот кон Олимписките игри во Токио, а сега останува Франција да помогне односно да ја совлада Португалија во последниот меч од групата.

Хрватите имаа натпревар во кој играа лесно и имаа целосна контрола на резултатот. Работите одеа добро постојано, но на полувреме резултатот беше само еден гол ралзика. Сепак, во продолжение работите дојдоа на свое место, а Хрватска стигна до победа од три гола разлика.

Давид Мандиќ со девет и ракометарот на Металург, Златко Хорват со седум погодоци беа најефикасните играчи во Хрватска додека Оусама Буганми со шест беше прв стрелец Тунис.

Овие три гола разлика, сепак, нема да значат ништо доколку Франција не го одработи својот дел од задачата односно не ја совлада селекцијата на Португалија. Последниот дуел од групата е максимално интересен, особено поради тоа што и Португалците имаат свои шанси.