Храбриот Аеродром се бореше до крај, но Струга победи и ќе се бори за Ф4

Ракометарите на Струга обезбедија меч за борба за Ф4 во Купот на Македонија, откако славеа над Аеродром со 32-30 во интересен натпревар. Прволигашот парираше одлично, но стружани не дозволија изненадување и обезбедија место во финалето од групата 2 против Бутел Скопје.

Во првиот дел најчесто се играше гол за гол, но во финишот Аеродром ја презема контролата на теренот. По неколку одбрани на Богдановски и реализации на Николовски, прволигашот успеа да стигне и до плсу три, 13-16. Сепак на пауза се замина со 16-18.

Јанковски и Маркоски на стартот на второто полувреме ја вратија Струга во игра и избраниците на Наум Танески поведоа со 22-21. Аеродром парираше, но не можеа да го издржат ритамот што сами го наметнаа. По 23-23, серија на суперлигашот од четири гола за 27-23 и се чини дека тоа беше клучниот момент на натпреварот.

Имаа стружани и плус пет, во последните моменти можеше да биде неизвесно кога Аеродром намали на минус два, 31-29, но поискусниот ривал не дозволи изненадување и мечот заврши со 32-30.

Најдобри стрелци кај Струга беа Славе Јанковски со девет гола и Жарко Бајрактаревиќ со осум погодоци, додека кај Аеродром се истакнаа Бојан Николовски со седум и Филип Пајкоски со шест гола. Во финалето од Купот на Македонија, Струга ќе се бори со Бутел Скопје за место на завршниот турнир вечерва во натпревар од 18:00 часот.

Куп на Македонија, четвртфинални групи: 

Група А
ТИКВЕШ слободен
11/3, 19:00 часот, ЈУНИОР КВ – ВАРДАР (Круме Кепески)
12/3, 12:00 часот, ЈУНИОР КВ/ВАРДАР – ТИКВЕШ (Јане Сандански)

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
СТРУГА – АЕРОДРОМ 32-30
11/3, 18:00 часот, БУТЕЛ – СТРУГА (Антон Димитров)

Група В
12/3, 13:00 часот, ДРАЧЕВО – ОХРИД (Боро Чурлевски)
12/3, 11:00 часот, АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)
12/3, 19:30 часот, ДРАЧЕВО/ОХРИД – AЛКАЛОИД/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Боро Чурлевски)

Група Г
12/3, 18:30 часот, ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Македонско Сонце)
12/3, 18:00 часот, ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (Р.Р.Ричко)
??? ПРОЛЕТ/ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП/ГОЛДЕН АРТ