Репрезентативката на Холандија и ракометарка на Есбјерг, Еставана Полман во првиот полуфинален натпревар против Оденсе во рамките од плеј-офот мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото.
Холанѓанката минатата година заработи повреда на коленото и поради тоа мораше да направи подолга пауза, но се чини дека последните години нема многу среќа.
Се претпоставува дека ќе треба повторно да паузира, но не се знае колку ќе трае нејзината пауза. Сепак јасно е дека нема да им помогне на своите колешки во походот кон освојување на данската титула.
Во наредниот период се очекува од нејзиниот клуб да има повеќе информации за сериозноста на нејзината повреда. Есбјерг не игра на своето ниво во оваа сезона, а повредата на Полман дополнително ќе ги комплицира работите.