Хаос на клупата на Хрватска: Не се знаеше кој влегува, кој излегува

Репрезентацијата на Хрватска доживеа тежок пораз од Аргентина на Светското првенство во Египет и e на раб на елиминација. Натпреварот заврши 23:19 во корист на Аргентина на изненадување на сите.

После натпреварот свој коментари за изданието имаа Домагој Дувњак и Марко Мамиќ, двајцата ракометари накратко ги истакнаа причините за поразот од Аргентинците.

„Ова беше еден ужасен натпревар за нас, премногу хаотичен. Ова беше ситуациај во која како нервозата да беше влезена во целата репрезентација. Не успеавме“, коментираше Дувњак.

„Бевме толку неорганизирани што при измените не знаевме кој влегува, кој излегува од игра“, беше кратката изјава на Мамиќ.

Во последното коло од главната фаза на првенството Хрватска ќе се сретне со бранителот на титулата, Данска и ќе им треба вистинско чудо да обезбедат пласман во четвртфиналето. Тие треба да ја совладаат Данска, но и Катар треба да одигра за нив и да ја победи Аргентина.