Екипата на Фуксе Берлин без многу проблеми триумфираше против Агуаш Санташ, со резултат 34:20, во рамки од 4. коло од Лига на Европа.
Во групата Д, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, кој денес го доби дуелот со Мотор, победа оствари и составот на Архус, откако на домашен терен беше убедлив против следниот ривал на ,,фармацевтите” Бидасоа Ирун со 11 гола разлика, 38:27.
Хрватскиот вицепрвак на гостувањето кај Алпла Хард, екипа која што ги елиминираше Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје во квалификациските натпревари во второто по ранг европско натпреварување, обезбеди сигурна победа од 35:24.
За Нексе денешната победа беше четврта во низа во новата сезона на европска сцена. Скјерн му го нанесе првиот пораз на Грањолерс, триумфираше со 32:29 против шпанскиот тим.
Победа на натпреварите, кои беа одиграни во терминот од 20:45 часот остварија и екипите на Спортинг и Екс ан Прованс.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
КАДЕТЕН – БЕНФИКА 26:25 (13:12)
ККФТ ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ 31:39 (16:25)
ГЕПИНГЕН – ТАТРАН ПРЕШОВ 34:24 (19:8:)
ГРУПА Б
ФТЦ – БЕНИДОРМ 32:33 (16:14)
ИШТАД – ФЛЕНСБУРГ 30:26 (17:14)
ЕКС АН ПРОВАНС – ВАЛУР 32:29 (14:15)
ГРУПА Ц
СКЈЕРН- ГРАЊОЛЕРС 32:29 (15:16)
АЛПЛА – НЕКСЕ 24:35 (11:18)
СПОРТИНГ – БАЛАТОНФУРЕДИ 35:32 (17:17)
ГРУПА Д
МОТОР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 30:33 (16:18)
АРХУС – БИДАСОА 38:27 (21:13)
ФУКСЕ БЕРЛИН – АГУАШ САНТАШ 34:20 (17:9)