Француски шамар за Бабиќ и Еурофарм Пелистер – Ним дојде, виде и победи (Фотогалерија)

Еурофарм Пелистер поразен од Ним

Се „остреа“ битолчани за почетокот на новата сезона во Лига Европа, ама наместо да им понудат забава, причина за радост и да добијат поддршка од публиката, Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме „потклекна“. Залуден беше финишот, „десетката“ на Ним неможеше да се стигне. Битолчани беа непрепознтливи, без идеја во напад, со дупки во одбрана, со постава која неможеше „да се состави“. Ни П. од оној Пелистер што сите го сакаат и очекуваат. Тренерот Бабиќ доби сериозно предупредување од трибините - му порачаа „Оди си Бабиќ“. додека домашните се чудеа што ги снашло, гостите веќе славеа.