Франција денес во рамки од последното, 3. коло од главната фаза на Европското првенство ќе игра против селекцијата на Шпанија.
Како што е веќе познато, актуелниот олимписки првак веќе има обезбедено место во полуфиналето на континенталниот собир, па така во дуелот со ,,црвената фурија” нема да се троши многу и ќе штеди енергија за најважната битка.
Селекторот на Франција, Оливие Крумболц за дуелот против Шпанија направи четири измени и најверојатно шанса ќе им даде на сите ракометарки, кои ќе се појават на вечерашниот дуел.
Крумболц реши да ги одмори Клеопатра Дарле, Паулета Фопа, Лаура Флипес и Алисија Тублан. Сите споменати ракометарки имаа голема минутажа на претходните пет натпревари.
Против Шпанија ќе настапат Одри Дембеле и Луси Грание, кои играа на почетокот на Европското првенство, а свој деби настап ќе имаат Лена Гранво и Камила Депујзе.
Дуелот меѓу Франција и Шпанија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот во СЦ ,,Борис Трајковски”.