Репрезентацијата на Франија одигра квалитетен натпревар во првото коло од групата 1 во главанта фаза на Европското првенство и славеше сигурна победа против слекцијата на Холандија со 34:24.
Французите беа на потребното ниво и најдоа решение за брзите Холанѓани. После одличниот старт и водството од 5:0 избраниците на Жил одржуваа сигурна преднсот. Сепак Холандија успеа да се врати во игра и да израмни во 24. минута со головите на Јансен и Смит.
После првите 30 минути игра Франција имаше предност од три гола, 15:12 иако во текот на првото полувреме имаше највисоки пет гола. Во продолжението брзо го вратија нависокото водство и рутински го одржуваа. После десет минути игра во вториот дел беше 21:16.
Холандија се обиде да игра со играч повеќе во поле и без голман во обид да ја намали негативата, но направија неколку грешки во нападите кои Франција ги казни на празен гол и во 45. минута поведе со 26:18. Веќе беше решен победникот а до крај на дуелот искусните Французи рутински го приведоа натпреварот до победа.
Со овој триумф Франција ја продолжи победничката серија, сега има четири бода и е на добар пат кон полуфиналето. Најефикасен во составот на Франција беше Емерик Мин со осум гола, а пет постигна Николас Турна. Во тимот на Холандија, Кај Смитс и Дани Баијенс со по четири гола беа најефиаксни.
ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА